Дортмунд објави големи загуби, но тоа не им ги руши високите амбиции

Сезоната во германската Бундеслига заврши, а Борусија Дортмунд ја зазеде втората позиција на табелата со 69 бода, дури 13 помалку од шампионот Баерн.

„Милионерите“ се познати како клуб кој се грижи за секое евро, па затоа е објавен извештај за загубите кои настанаа поради пандемијата на коронавирус. Тие се проценуваат на 45 милиони евра за сезоната 2019-20.

Германскиот шампионат продолжи, но се играше без публика, па немаше приход заради празните трибини, а познато е дека „Сигнал Идуна Парк“ е полн на секој натпревар.

Сепак, тоа не значи дека Дортмунд ќе се откаже од своите високи конкурентни амбиции во следната сезона, бидејќи до сега е ангажиран Томас Меније, што е само прво засилување за германскиот вицешампион.