Дортмунд му го нанесе првиот пораз на Лајпциг, Елмас имаше две шанси за израмнување! (ВИДЕО)

Лајпциг го доживеа првиот пораз оваа сезона во Бундеслигата откако со 2-1 загуби на гостувањето кај Борусија Дортмунд, Елиф Елмас доби солидна минутажа, имаше и шанси, но не успеа да го спаси тимот од пораз.

Елмас во игра влезе во 64. минута, а веднаш потоа Гераси даде гол за водство на Борусија Дортмунд од 2-1.

Македонскиот фудбалер имаше две добри шанси да донесе израмнување, но дефанзивците на Дортмунд го спречија во тоа.

Лајпциг имаше водство на натпреварот со гол на Шешко во 27. минута, а три минути подоцна Бајер го изедначи резултатот на 1-1. Гераси во вториот дел ја донесе победата.

По девет одиграни кола Баерн Минхен е осамен на врвот со 23 бодови, три повеќе од Лајпциг.