Дортмунд ја продолжува трката за титулата, му дише во врат на Баерн (ВИДЕО)

Екипата на Борусија Дортмунд дојде до важна победа во борбата за титула во Бунделигата, откако во 27. коло славеше на гостувањето кај Волфсбург со 0-2.

Стрелци на погодоците вредни три бода беа Гереро во 32. и Хакими во 78. минута од натпреварот. Со оваа победа „милионерите“ се приближија на само еден бод од лидерот Баерн, кој мечот од ова коло ќе го стартува денеска во 18:30 часот.

Во дербито на колото, Баер Леверкузен како гостин беше подобар од Менхенгладбах со 1-3, а Хаверц постигна два од трите гола за својот тим. Со овој триумф Леверкузен го мина денешниот ривал на табелата и сега е трет со пет бода помалку од баварците, четири од „милионерите“.

На преостанатите натпревари, Вердер славеќе кај Фрајбург со 0-1, додека Падерборн ремизираше со 1-1 дома против Хофенхајм.