Дортмунд ја отвори сезоната со победа – Ројс ги реши „фармацевтите“ (ВИДЕО)

Германскиот репрезентативец Марко Ројс го реши вечерва дербито за победнички старт на Борусија Дортмунд против Баер Леверкузен, со гол уште во десетата минута, во воведното бундеслигашко коло.

Ројс погоди на самата гол-линија во акцијата во која Карим Сдејеми, новото засилување на „милионерите“ немаше среќа за да го даде победничкиот гол, па германскиот офанзивец само ја турна топката во мрежата, момент кој на крајот се покажа како клучен за победата и првите три бода.

Леверкузен одигра далеку подобро во вториот дел, тотално ги надигра „милионерите“ во второто полувреме, но не успеа да дојде до гол барем за реми, а шанси имаа Патрик Шик дури трипати, а двапати плус им беше поништен гол поради офсајд.