Дојде Роналдо, обложувачниците до бескрај ги намалија коефициентите за трофеи на Јуве

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо е нов фудбалер на италијанскиот првак Јувентус од минатата година потпишувајќи четиригодишен договор со „старата дама“, каде доаѓа за 105 милиони евра вреден трансфер од Реал Мадрид.

И доаѓањето на Португалецот во Торино, автоматски ги намали до брскрај коефициентите за титули на Јувентус во новата сезона, која за еден месец ќе стартува во Серија А. Така за титула, коефициентот на Јувентус по доаѓањето на Роналдо е само 1,4 (на 10 евра се добиваат 14), додека на вицепрвакот Наполи дури – 7. „Двојна круна“ на Јувентус е само 2,75, додека ако се обложите Јувентус дека ќе освои ново „скудето“, а Роналдо дека ќе биде „златна копачка“, коефициентот е само – 2,8.

Најголем коефициент има Роналдо и тоа во делот, дали во сезоната ќе даде повеќе од 35 гола (коефициент 9).