Добри вести за „нераѕурите“: Масимо Морати се враќа во Интер

Поранешниот сопственик на Интер, Масимо Морати очигледно не може да биде надвор од фудбалот долго време и тој планира да се врати во својот поранешен клуб.

Морати беше прв човек на миланскиот клуб од 1995 до 2013 година, кога му ги продаде акциите на Ерик Тохир. Подоцна малезискиот бизнисмен управувачкиот пакет акции и ги продаде на кинеската компанија „Сунинг“ и задржа 31 отсто од акциите. 

Според италијанските медиуми, Тохир се договорил со Морати да му ги продаде тие 31 отсто од акциите и целосно да излезе од фудбалскиот клуб. Интер под водство на Морати ги имаше можеби најуспешните години во својата историја, бидејќи тимот со него освои Лига на шампиони, Куп на УЕФА, Светско клупско првенство, пет шампионски титули во Серија А и четири трофеи во Копа Италија.