Доаѓа крај на ерата на Симеоне во Атлетико!?
Според нив, мадридскиот клуб ја разгледува иднината на Симеоне, Аргентинецот има договор до 2027 година, но наводно е во напнати односи со новиот спортски директор на клубот, Матеу Алемани. Атлетико е трет во Ла Лига, со десет бода помалку Барселона, а во последниот натпревар од групата од Лигата на шампионите беше поразени од Бодо. Како резултат на тоа, клубот мора да игра во плејофот за да влезе во нокаут фазата. Лошата форма неодамна и несогласувањата околу трансферите ја доведоа работата на Симеоне во опасност.
Славниот аргентински стручњак е еден од најплатените тренери во светот, со заработка од 13 милиони евра по сезона што е уште еден елемент кој може да влијае против него. Алемани, наводно, веќе го почнал процесот на потрага на потенцијален наследник, а Андони Ираола од Борнмут е негова главна цел.
Симеоне е тренерот и лидер на клубот со години. За време на неговиот мандат, Атлетико два пати ја освои Ла Лига, два пати Лигата на Европа, Купот на Кралот и Суперкупот на Шпанија. Тој е исто така двократен победник на Суперкупот на УЕФА и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите. Аргентинецот беше прогласен за тренер на годината во Ла Лига четири пати, а на 772 натпревара оствари 457 победи, 166 нерешени и 149 порази.