Синер пак ги изнервира Италијанците – одби да се појави на отворање на ЗОИ
Синер има долга историја на одбивање да игра за репрезентацијата на Италија, не се појави на Олимписките игри во Париз, не играше на претходниот Дејвис куп кога „аѕурите“ успеаја да ја одбрани титулата, а сега одби да се појави и на најголемиот спортски настан зимава. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ наведува дека одлучил да го прескокне отворањето на Зимските олимписки игри иако минатата година беше избран за амбасадор на настанот. Беше спомнато дека тој би можел да биде оној што ќе го носи олимпискиот факел.
„Сигурен сум дека ќе има фантастична атмосфера. Ќе се натпреваруваат многу Италијанци, особено од Јужен Тирол. Тоа е убаво затоа што сме малкумина, но сепак сме добро познати во нашите спортови. Ќе биде убаво да ги гледаме“, рече Синер за италијанскиот весник.
Одлуката да не се појави во Милано е за да се подготви за она што го очекува на тениските терени. Веќе в понеделник патува за Доха каде ќе учествува на АТП турнирот на кој лани не можеше да игра поради суспензијата. Сега може да го нападне Алкараз бидејќи не брани ниту еден поен до мај, но ќе мора да надомести дури 3.350 поени.