Динамо решил да ја „пензионира“ петката на Адеми?!

Аријан Адеми си замина од Динамо Загреб по 13 години служба, а неговиот личен белег во клупската историја никогаш нема да биде избришан. Поради тоа, клубот решил да го повлече дресот со бројот пет, што го носеше македонскиот репрезентативец.

Оваа информација ја соопшти хрватскиот „Јутарњи лист“, но клубот уште ја нема потврдено.

„'Петката' на Адеми ќе биде заштитен број, кој нема да можете да го видите на дресот на кој било друг играч на 'модрите'“, пишува Јутарњи.

Темата за повлекување на дресот прв јавно ја спомна Комнен Андриќ, српскиот фудбалер кој од 2019 до 2022 му беше соиграч на Адеми во Динамо и со многу емотивно и долго обраќање на социјалните мрежи го одбележа неговото заминување.

Тој напис Андриќ го почна со зборовите: „Повлечете“ го дресот со број 5 од почит!