Димитриевски: Среќен сум што останувам во еден од најголемите шпански клубови!

Македонскиот голман Столе Димитриевски го продолжи договорот со Валенсија до 2028 година и во иднина треба да биде важен дел од стартниот состав на „лилјаците“.

Димитриевски кажа дека е среќен што го продолжил договорот на дополнителни две години со Валенсија.

„Среќен сум што го продолжив договорот со Валенсија. Немав дилеми за нова соработка, секогаш бев фокусиран на задачата и мило ми е што сум тука. Секогаш се обидувам да се прикажам во најдобро светло. Постојано зборував дека сакам да играм за голем клуб кога пристигнав во Шпанија, а Валенсија е еден од најголемите. Пресреќен сум што продолжувам на ова место“, кажа Димитриевски.

Чуварот на мрежата кажа дека се надева на подобри резултати со Валенсија во новата сезона.

„Не ги остваривме очекувањата оваа сезона, но имаме нова година пред нас во која мора да бидеме посилни и подобри од претходно за да ги оствариме нашите цели“, вели македонскиот голман.

Димитриевски пристигна во Валенсија во 2024 година од Рајо Валјекано, а минатата сезона настапи на 24 меча во сите натпреварувања и притоа имаше седум „чисти мрежи“ и 28 примени голови.

Фото: Valencia FC