Димитриевски со Рајо ќе игра против Барселона, Барди ќе се соочи со Валјадолид во Купот

Македонските репрезентативци Столе Димитриевски од Рајо Валјекано и Енис Барди од Леванте ги дознаа следните противници во шпанскиот Куп.

Македонскиот голман Столе Димитриевски, кој брани во екипата на Рајо Валјекано, дозна дека ќе играат против Барселона во осминафиналето на шпанскиот Куп.

Барселона е главен фаворит за титулата во Купот, откако пред неколку дена вистински дебакл доживеа Реал Мадрид, кој загуби од Алкојано со 1-2.

Вториот македонски репрезентативец, Барди заедно со тимот на Леванте ќе се соочи против Валјадолид во следниот меч во Купот.

Натпреварите се закажани за 26, 27 и 28 јануари.