Димитриевски: Ми недостига слободата и – пријателите!

Македонската репрезентативна „единица“, Столе Димитриевски, голманот на мадридски Рајо Валјекано во интервју за „Марка“ посочи како ги минува(л) деновите во карантин додека траеше пандемијата со коронавирус, па сега полека шпанските клубови се враќаат на индивидуалните тренинзи како почетна подготовка за продолжение на сезоната.

Шпанија засега точно не знае кога ќе продолжи со фудбалот, иако 12 јули се посочува како можен термин, но појава на заболени фудбалери на почетните тренинзи после тестирањата се проблематични во брзањето за да се фати потенцијалниот датум за рестарт.

„Ми недостига слободата. Ми фалат пријателите“, вели Димитриевски за угледниот шпански весник во периодот во кој остана заклучен дома како и сите жители во земјата која беше еден од епицентрите на зараза.

„Нема што да правите премногу, сам сум, па вообичаено домашни обврски, успеав да се подобрам во готврњето, сега прават врвна паста. Вообичаено тренирав два до два ипол часа според програмата која ја имавме, еден час играв на телефонот, што соиграчите дури и се шегуваа дека малку време посветувам на тоа. Гледам сериии, омилена ми е „Ла Каса де Папел“ (една од хит-сериите на Нетфликс – н.з.)...“, вели Димитриевски.

За крај посочи дека очекува порано или подоцна да се врати фудбалот, не учекувајќи дека до септември нема да се тркала „бубамарата“ на Пиринеите.