
Детали за новата откупна клаузула на Рафаел Леао
Се најавуваше дека Рафаел Леао денеска и официјално ќе ја продолжи соработката со Милан, но потписот е одложен за по натпреварот со Јувентус во недела.
Денешното издание на „Газета дело Спорт“ има повеќе детали за новата откупна клаузула на Португалецот.
Во иднина таа ќе биде 170 милиони евра со можност да се искачи до 175 милиони евра и ќе може да се активира само во јули месец.
Па доколку некој сака да го купи Рафаел Леао, ќе треба да одвои огромна сума на пари и тоа уште на стартот од преодниот рок.