Дербито меѓу Јувентус и Милан го гледале 8,2 милиони луѓе во Италија

Фудбалот во Италија вчера конечно се врати во акција по паузата поради коронавирусот. Сезоната продолжи со реваншот од полуфиналниот меч во Купот, во кој силите ги измерија Јувентус и Милан (0-0).

Љубителите на фудбалот во Италија едвај чекаа да почнат возбудувањата, а тоа го покажува и бројката на навивачи кои го следеле мечот.

Италијанските медиуми објавија дека дури 8,2 милиони гледачи го гледале мечот меѓу Јувентус и Милан во својата татковина.