Ден Ешфорд не го сакал Аморим во Манчестер јунајтед, тој имал друг предлог?

Спортскиот директор на Манчестер јунајтед, Ден Ешфорд си замина од Олд Трафорд по само неколку месеци работи, неговиот отказ беше изненадувачки бидејќи тој беше гледан како долгорочно решение на позицијата.

Англиските медиуми сега анализираат зошто Ешфрод реши да се повлече од функцијата и да замине од Јунајтед.

Информациите велат дека тој не дал зелено светло за назначување на Рубен Аморим за нов тренер и бил разочаран што неговиот збор не бил почитуван.

Фаворит на Ешфорд бил поранешниот англиски селектор, Герет Саутгејт.