Деле Али ќе се обиде да ја оживее кариерата во Серија А
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Али успешно ја поминал пробата во Комо и ставил потпис на договор со калчолигашот, каде што ќе игра под водство на Сеск Фабрегас.
Англичанецот претходно играше за Милтон кинс, Тотнем, Евертон и Бешикташ, а во Комо доаѓа како слободен фудбалер.
Додека играше за Тотнем, Али важеше за добар фудбалер и му предвидуваа голема кариера, но потоа следеше неочекуван пад.