
Де Лаурентис откри: Осимен има голема откупна клаузула!
Де Лаурентис кажа дека фудбалерите не можат да им одолеат на богатите понуди на ПСЖ, Челис и други тимови, а исто така откри дека во договорот на Осимен има висока клаузула.
„Има висока клаузула во договорот на Осимен. Некои фудбалери остануваат во Наполи со години, но другите се посакувани од ПСЖ, Арсенал, Манчестер сити или Челси. Тешко е да ги задржите кога интерес ќе покажат богати европски гиганти“, кажа Де Лаурентис.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека откупната клаузула во договорот на Осимен изнесува околу 130 милиони евра.