Де Лаурентис најде начин како да го задржи Кварацхелија

Квича Кварацхелија е еден од најдобрите фудбалери на Наполи и за неговите услуги се заинтересирани неколку европски гиганти, но тој решил да остане во екипата од Неапол.

Репрезентативецот на Грузија, наводно, прифатил да остане во Наполи и ќе добие плата од четири милиони евра годишно со бонуси, а во договорот ќе нема откупна клаузула.

Кварацхелија оваа сезона постигна 14 гола и 16 асистенции за Наполи, кој е на праг да го освои скудетото по долга пауза.