Де Хеа не му беше добар на Јунајтед, а во Серија А прави - чуда! (ВИДЕО)

Фиорентина се наоѓа во серија од четири победи по ред во Серија А, односно на четвртата позиција во лигата, а еден од најзаслужните за добрите резултати е голманот Давид Де Хеа.

Де Хеа не беше доволно добар за Манчестер јунајтед, па си замина како слободен агент, но веднаш го покажа неговиот квалитет во калчолигата.

Шпанецот е прв на листата по процент на успешни интервенции, односно 82 отсто, додека исто така има по 4,1 одбрана по натпревар. Де Хеа одбрани и два пенали, а три пати ја зачува мрежата во дресот на Фиорентина.