
Дарвин Нуњес и Луис Дијас дефинитивно ќе го напуштат Ливерпул!
Дијас е најблиску до трансфер во Баерн Минхен, додека сè уште не е познато каде ќе ја продолжи кариерата Нуњес, кој беше доведен од Бенфика за 85 милиони евра пред три сезони, мо кој не ги исполни очекувањата. На 143 настапи за „црвените“ постигна 40 голови, а минатата сезона му беше најслаба, со само седум погодоци на 47 натпревари.
Колумбискиот репрезентативец Дијас (28), пак, кој пристигна од Порто во 2022 година за 54 милиони евра, минатата сезона имаше подобар учинок – 17 голови на 50 натпревари. Сепак, неговата вкупна статистика е блиска до онаа на Нуњес, со 41 погодок на 148 одиграни средби.
ФОТО: EPA PHOTO