Човекот кој го смисли Калчополи откри кој ќе го засили Милан

Лучано Моџи, поранешниот директор на Јувентс на почетокот на новиот милениум беше алфа и омега во италијанскиот фудбал, но настрада во големата афера Калчополи, која ги потресе Апенините околу местенките на мечевите и големото негово влијание во изборот на судиите кои треба да ѝ делат правда на „старата дама“.

Моџи одамна нема никаква фудбалска функција, но за италијанските медиуми и понатаму е интересен, зашто секојпат има веродостојни информации за случувањата на Чизмата. И сега бившата алфа и омега на торинскиот великан откри кого Милан наскоро ќе го ангажира за следно засилување.

Станува збор за Родриго де Паул, актуелниот соиграч на Илија Несторовски во Удинезе. Аргентинецот, роден во Саранди и игра на позиција лево крило.

„Родриго требаше да потпише со Милан пред стартот на сезоната, но од 'милион' причини сето тоа пропадна. Сепак, Милан и понатаму го има на око и сигурно е дека Де Паул ќе замине во Милано. Тој е вистински калибар за 'росонерите'“, вели Моџи.

Аргентинецот неодамна потпиша нов договор со Удинезе и сега истиот му истекува за пет години, но јасно е дека за добра сума Удинезе ќе го продаде. Инаку и Интер наводно покажал интерес за овој фудбалер.