Чиро Имобиле е „златна копачка“ на Европа!

Италијанскиот фудбалер Чиро Имобиле, кој го носи дресот на Лацио, конечно ја освои „Златната копачка“ на Европа за сезоната 2019/20, откако пристигна информација дека Кристијано Роналдо нема да игра вечерва за Јувентус во последното коло од Серија А.

Напаѓачот на Лацио стигна до големиот успех со 35 постигнати погодоци, додека зад него ќе остане Роберт Левандовски со 34 голови, а Роналдо е трет со „само“ 31 постигнат гол.

Имобиле е прв Италијанец, кој ја освои престижнат анаграда по Франческо Тоти кој за Рома даде 26 гола во сезоната 2006/07, а година претходно Лука Тони беше најдобар со 31 погодок.