Четириминутна бура и поделба на бодовите на Олд Трафорд (ВИДЕО)
Натпреварот беше максимално динамичен, но се што беше важно се случи во период од четири минути. Во 22. минута Бруно Фернандес имаше прилика за Јунајтед по продорот на Рашфорд, а две минути подоцна се закани и Гарначо. Де Лихт во 35. минута го изблокира ударот на Палмер за последната шанса во првото полувреме да ја има Рашфорд кој од десетина метри откосо го погоди местото каде се спојуваат пречката и стативата.
Во вториот дел Нето прв се закани, подоцна Гарначо се посрами Гарначо кој имаше стопроцентна шанса, но не се снајде најдобро, а потоа најважниот дел од мечот. Во 68. минута Санчес го фаулираше Хојлунд и Јунајтед доби пенал кој во 70. минута во гол го претвори Бруно Фернандес за свој прв погодок во сезоната. Челси израмни само четири минути подоцна, по корнерот, Мојсес Каиседо од работ на казнениот простор го погоди долниот десен агол за 1-1. Последната голема прилика ја имаше Гарначо во 89. минута, но ова не беше негов ден.
Нерешениот резултат не му одговра никому бидејќи Челси пропушти шанса да се пробие до третото место на табелата, додека Јунајтед остана во долниот дел, на 13. позиција. Од утре „ѓаволите“ ќе имаат нов тренер, па ќе се обидат да го поправат својот пласман.