Четири гола за три бода на Барселона кај Мајорка (ВИДЕО)

Барселона имаше успешен рестарт на сезоната во Ла Лига со убедлива победа од 4-0 на гостувањето кај Мајорка во рамки на 28.коло.

Каталонците ја најавија победата уште по една минута игра кога погоди Артуро Видал. Мартин Брајтвајт погоди за 0-2 во 37-та минута. Победата Барселона ја запечати во финишот, кога прво Жорди Алба постигна гол за 0-3, а Лионел Меси по двете асистенции запиша гол во 93-тата минута за конечни 0-4.