Челси има огромна понуда за Федерико Киеза

Челси минатото лето се распрашуваше за Федерико Киеза од Јувентус, но веднаш беше одбиен. 

Премиерлигашот сега повторно ќе се обиде да дојде до услугите на Италијанецот со нова огромна понуда. Наводно, „сините“ се подготвени на Јувентус да му понудат 85 милиони фунти за крилниот напаѓач.

Томас Тухел во живо можеше да се увери во квалитеите на Киеза, бидејќи Челси и Јувентус одиграа два натпревари меѓусебе во групната фаза во Лигата на шампионите. 

Киеза е можеби најдобриот играч на „Старата дама“, а тоа е особено евидентно по заминувањето на Кристијано Роналдо изминатото лето.