Челси по стапките на Ливерпул: „Сините“ клекнаа на едно колено во знак на протест (ФОТО)

Вчера фудбалерите на Ливерпул пред почетокот на тренингот клекнаа на едно колено во знак на протест против убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис, САД, а денеска истото го направија и од таборот на Челси.

„Сините“ од „Стемфорд бриџ“ го подржаа движењето, „Животите на афро американците се важни“. 

Протестите ширум САД ескалираа со насилство откако Џорџ Флојд беше убиен од полицијата во Минеаполис, по брутално апсење и наводното „расно профилирање“ од полицијата.. Сега целиот свет се обединува против расизмот и полициската бруталност со цел повеќе никој невин човек да не го загуби животот само затоа што е афро американец во САД.