Челси падна на „Стемфорд Бриџ“: Јунајтед се враќа во игра за пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Со головите на Марсијал и Мегваер, екипата на Манчестер Јунајтер славеше во дерби пресметката против Челси со 0-2, во рамки на 26. коло во Премиер лигата.

Пред истекот на првото полувреме, Ентони Марсијал му донесе предност на Јунајтед, а на средина од вториот дел во листата на стрелците се запиша и Хари Мегваер. За дефанзивецот на Јунајтед ова е прв гол во Премиер лигата откако потпиша за тимот од „Олд Трафорд“.

Со овој триумф Јунајтед се доближи до Челси на само три бода и воедно се врати во игра за пласман на четвртото место во Премиер, кое води во Лигата на шампиони. Сега, „црвените ѓаволи“ имаат 38 бода и се наоѓаат на седмата позиција, додека четврти се лондонските „сини“ со 41 бод.