Челси го распарчи Евертон, Палмер даде четири гола! (ВИДЕО)

Лондонскиот гигант Челси запиша убедлива победа (6-0) против Евертон во 33. коло од англиската Премиерлига, а на натпреварот блесна англискиот репрезентативец Кол Палмер кој постигна четири гола.

Палмер за само 29 минути постигна хет-трик, а четвртиот гол на Челси во првото полувреме беше дело на Џексон.

Најголемата ѕвезда на Челси го постигна четвртиот гол на дуелот во 64. минута го постигна четвртиот гол на дуелот, додека победата ја запечати дефанзивецот Гилкрист.

Челси остана на деветтата позиција со 47 бодови, додека Евертон е на 16. место со 27 бода.