Чави му поставил услови на Лапорта за да остане во Барселона

Шпанските медиуми пишуваат дека тренерот Чави Ернандез се премислил по одлуката да ја напушти Барселона и наводно сега е расположен да преговара со претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Чави е задоволен од напредокот на екипата во изминатите недели, како и поддршката од фудбалерите да остане на кормилото на тимот, па му поставил услови на Лапорта за да остане на „Камп Ноу“.

Тренерот сака гаранции од Лапорта дека ќе ја засили екипата, а не е тајна дека на листата со желби се Бернардо Силва од Манчестер сити и Дани Олмо од Лајпциг.

Лапорта е на потег и треба во следните денови да донесе одлука и план за тоа кои засилувања ќе бидат ангажирани доколку сака да го задржи Чави.