Чави ги губи нервите – шутираше топки и удираше боксови на мечот со Гранада (ВИДЕО)

Екипата на Барселона синоќа уште еднаш киксна на домашен терен во домашната Ла Лига одигрувајќи нерешено против Гранада (3-3), што предизвика гнев и бес кај навивачите, но и кај тренерот Чави.

Стратегот на Каталонците полека ги губи нервите, бидејќи сака на најдобар начин да се збогува со клубот без разлика на најавеното заминување следното лето.

Телевизијата „Мовистар“ по натпреварот објави видео од моменти на кои се гледа како Чави беснее и како шутира топка, односно удира боксови по своето столче на клупата за резерви.