Чалханоглу со мајсторија од слободен удар му носи предност на Милан против Аталанта (ВИДЕО)

Екипата на Милан поведе во дерби-дуелот против Аталанта со феноменалниот погодок на Хакан Чалханоглу во 14. минута.

„Росонерите“ се во одлична форма по рестартот на Серија А, а тоа засега го покажуваат и на дуелот против тимот од Бергамо, кој доколку претрпи пораз, ќе си загуби и онака малите шанси за титулата во најсилната италијанска лига.