Целиот Б-тим на Јувентус во карантин поради – коронавирусот!

Целиот Б-тим на италијанскиот великан Јувентус (У23) е ставен во карантин поради коронавирусот, па мечевите на овој тим во третата италијанска лига се суспендирани откако беше откриено дека тројца фудбалери веќе го имаат новиот вирус од екипата на Пјаненсе.

Прво еден фудбалер на Пјаненсе беше потврден со коронавирус, а од вчера уште тројца, па затоа што неодамна Б-тимот на Јувентус играл мечеви со овој тим (23 февруари), сите од таборот на „старата дама“ се во превентивен карантин за евентуално да не ја шират заразата

Според информациите од Апенините, засега ниту еден од фудбалерите на Јуве не покажуваат симптоми на коронавирус.

„Сите тренинзи и настани на Б-тимот се суспендирани. Превентивни мерки се превземени и сега очекуваме други активности во координација со лекарскиот тим на Јувентус, но и со медицинските власти од Алесандрија. Во постојан контакт сме, откако беа потврдени четири случаи на новиот вирус Ковид-19“ се вели во дел од соопштението на „старата дама“.

Италија во моментов е најзагрозена со случаи на коронавирус, па бројката на заразени надмина 1.000, а овој вирус пред крајот на минатата година се појави во Кина и сега полека зема замав низ цела Европа, а се жири и низ светот.