Бура во Шпанија: Јамал почнал да наплаќа за давање автограм!

Младиот шпански фудбалер, Ламин Јамал, кој во последната година стана најголемата ѕвезда на европскиот фудбал, повторно предизвика бурни реакции во јавноста, откако одлучи да ги наплаќа своите автограми – дури и кога станува збор за деца.

Според пишувањето на „Мундо Депортиво“, фудбалерот прифатил понуда од специјализирана интернет-платформа за колекционери, преку која ќе може да се купи негов потпис. Фудбалерот смета дека на тој начин ја следи логиката на капитализмот и дека има право да ја искористи својата слава за дополнителна заработка. Новата одлука подразбира дека Јамал повеќе нема бесплатно да потпишува дресови или топки, а бројот на автограми ќе биде строго ограничен за да им се зголеми вредноста. Со тоа, младиот играч планира да заработи уште неколку милиони евра.

Иако ваквата пракса не е непозната во спортот, таа е речиси без преседан во Европа. Во САД, слични примери постојат одамна – како Леброн Џејмс и Лионел Меси, кои преку вакви договори заработуваат и до 15.000 долари по потпис.