Борусија Менхенгладбах среде пандемија игра пред - „полни“ трибини (ФОТО)

Стартуваше и 27. коло во Бунделигата, а во него, екипата на Борусија Менхенгладбах пред „полни“ трибини на „Борусија парк“ го пречека Баер Леверкузен.

Имено, клубот на интересен начин реши да ги исполни трибините и да собере пари за добротворни цели од фановите. Навивачите на Менхенгладбах учествуваа во акцијата и за нешто помалку од 20 евра добија своја картонска макета на трибините на „Борусија Парк“.

Отккао беше донесена одлука Бундеслигата да продолжи без присуство на публика, во клубот дојдоа до одлична идеја како ќе ги исполнат трибините. Во наредниот период, секој од навивачите за најмалку 10 евра може да добие свое место на трибините, така што неговиот лик ќе биде на картонска кутија.