Борусија има вистински ѕвер: 14-годишно момче постигна хет-трик за осум минути! (ФОТО)

Борусија дортмунд дефинитивно има суперталентиран напаѓач за во иднина, а тоа младиот Јусуфа Мукоко го покажа и на денешниот меч против Арминија.

Мукоко постигна хет-трик за само осум минути на теренот, а на крајот можеше да се запише  повеќе пати во листата на стрелци, но му беше поништен еден гол и еднаш погоди статива.

Талентираниот 14-годишен напаѓач по четири одиграни кола има постигнато девет гола, а во првиот меч постигна дури шест гола.