„Бомба“ од Сплит: Перишиќ доаѓа во Хајдук

Хрватските медуми пишуваат дека искусниот Иван Перишиќ во јануари ќе се пресели во Хајдук од Сплит за кој од неодамна настапува и македонскиот напаѓач Александар Трајковски.

Како дел од преговорите за трансферот на Лука Вушковиќ во Тотнем, претседателит на клубовите, Даниел Леви и Лукша Јакобушиќ се договориле и за Перишиќ.

Поради тоа што е завршен преодниот рок, а Перишиќ исто така е тешко повреден, трансферот ќе биде потврден во јануарскиот преоден рок.

Перишиќ ќе паузира околу шест месеци поради тешката повреда, а се очекува да заигра за хрватскиот гигант дури на пролет.