Хајдук му продаде 16-годишно момче на Тотнем за неверојатни - 11 милиони евра!

Хрватските клубови со години наназд се познати како оази на фудбалски бисери за бројни европски екипи, кои со млади таленти сакаат да ги освежат своите ростери, во што досегашен предводник беше Динамо Загреб, но понекогаш во играта влегува и Хајдук.

Сплиќани денеска испишаа историја, откако денеска и официјално го продадоа 16-годишниот дефанзивец, Лука Вушковиќ, на англиски Тотнем за неверојатни 11 милиони евра. Тоа е рекордна продажба од Хајдук, откако досега на прво место на оваа листа беше Никола Влашиќ и неговото заминување во Евертон за 10,8 милиони евра.

Најдобро информираниот фудбалски новинар, Фабрицио Романо, уште претходно го најави трансферот, а сега клубот ги потврди сите пишувања. Вушковиќ во Хајдук ќе остане до 2025 година по што ќе се пресели во Лондон.