Болоња немоќна против Џенова, Мота со пораз се збогува од тимот со пораз

Тијаго Мота оваа сезона имаше импресивни резултати со Болоња и обезбеди место во Лигата на шампиони (ЛШ), иако го загуби последниот меч од Џенова со 0-2.

Малиновски и Витиња беа стрелци на головите во триумфот на Џенова, па така Мота се збогува со пораз од Болоња затоа што кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Болоња во моментов е на четвртата позиција со 68 бодови, односно два повеќе од Аталанта, додека Џенова ја заврши сезоната на 11. место со 49 бода.