Бока го урна Ривер во Суперкласико - Зебаљос беше херојот на мечот! (ВИДЕО)

Бока Јуниор со 2-0 ја доби пресметката против Ривер Плата на „Суперкласико“, Зебаљос и Мигел Мерентиел беа херои на домаќините и донесоа огромна радост на полната „Ла Бомбонера“.

Во едно од најголемите фудбалски дерби натпревари во светот, Бока Јуниор вечерва триумфираше со 2-0 над лутиот ривал Ривер Плата.

Возбудувањата се случија на крајот од првиот дел, и на почетокот од второто полувреме.

Херој беше Зебаљос, кој погоди за 1-0 во 45+1 минута, а потоа му асистираше на Мигел Мерентиел за 2-0 во 47. минута.