Блесна синот на Руни во Јунајтед - даде четири гола на еден натпревар! (ВИДЕО)

Вејн Руни остави далбока трага во Манчестер јунајтед, а по неговите стапки би можел да тргне неговиот 16-годишен син Кај Руни.

Секако, прерано е да може да се каже дали младиот напаѓач ќе оствари и дел од успехот кој го имаше неговиот татко, но засега почетокот ветува.

Имено, тој е член во младинските категории на Јунајтед каде што сезонава игра во одлична форма. Во Премиер лигата до 18 години во победата над Барнли од 6-0, Кај постигна дури четири погодоци.

Така тој дојде до бројката од вкупно девет погодоци по осум кола, исто така пред само две недели имаше можност и за деби во младинската Лига на шампионите во дресот на „ѓаволите“.