Бисерот на Челси одбил богатство поради Баерн Минхен!?

Челси си направи големи проблеми со Калум Хадсон-Одои, откако одби да потпише нов договор.

Хадсон-Одои веќе долго време се поврзува со Баерн Минхен, а и спортскиот директор на Баварците, Хасан Салихамиџиќ потврди дека Германците го сакаат 18-годишниот фудбалер.

„Скај Спорт“ пишува дека Челси му понудил 85.000 фунти неделно на младиот фудбалер, кој за четири сезони би заработил 35 милиони фунти.

Но, тоа не му се допаднало на Одои, па најверојатно сака да ја продолжи кариерата во Минхен.