Биелса за Алиоски: Дуелот со Манчестер сити е негова шанса да се докаже

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски во сабота ќе дебитира во првиот тим на Лидс јунајтед сезонава во Премиерлигата. 

Левиот бек одигра само 20 минути против Фулам и неколку минути против Шефилд, а сега ќе има шанса за докажување во првиот тим на Марсело Биелса, бидејќи Џек Херисон нема право за настап против својот матичен клуб од каде што е позајмен.

„Херисон е многу важен играч за нас, ни сме тажни што тој не може да игра“, изјави менаџерот на Лидс. „Алиоски е способен да одигра добро или можеби подобро од Херисон, но тука е самиот натпревар, на кој треба да го покажете тоа“, додаде Биелса.

Нашиот репрезентативец играше 90 минути за Лидс сезонава во Лига Купот на Англија, кога и постигна гол во финишот од дуелот против Хал Сити за 1-1. Сепак премиерлигашот беше елиминиран на пенали.