„Бев идиот и купував скапи автомобили, а потоа сфатив дека во тоа не е среќата“

Кевин Принц Боатенг поради неспортскиот живот не го исполни својот потенцијал до крајот, па сегашниот фудбалер на Фиорентина смета дека направил големи грешки.

Начинот на живот кој го водел го прогонува и денес, а смета дека никој не треба да ги повтори неговите грешки.

„Кога бев во Тотнем во еден ден купив три автомобили. Тоа ви носи среќа, но за кратко, потоа станува досадно и ќе разберете дека е обична работа. Кога не играв, кога имав семејни проблеми, купување на луксунзи работи ми беше утеха. Но, тоа е погрешно. Ослободете се од материјалните работи, со тоа нема да бидете никогаш среќни“, вели Боатенг.