Бешикташ го претстави Солшер: Веруваме во неговите квалитети!

Турскиот гигант Бешикташ го постави Оле Гунар Солшер за нов тренер во продолжение од сезоната.

Норвешкиот тренер потпиша договор на 18 месеци со Бешикташ, а има опција да ја продолжи соработката на уште една година.

Солшер повторно се враќа на работа, откако претходно работеше во Манчестер јунајтед.

„Веруваме дека Солшер ќе му помогне на нашиот тим, веруваме во неговите квалитети“, објавија од Бешикташ.