Барселона во јануари се обидела да го донесе Иниеста на позајмица?

Барселона во јануарскиот преоден рок се обиде да донесе неколку квалитетни засилувања на „Камп Ноу“, но не успеа во намерата.

Каталонски „Спорт“ објави дека Барселона во јануари се обидела да го врати и Андрес Иниеста, кој ја напушти Каталонија во 2018 година и се пресели во Висел Кобе.

Иниеста со клубот има договор на уште една година и тогаш најверојатно ќе ја заврши кариерата, а Барселона се обидела да го врати на позајмица до крајот на сезоната, но не успеале во нивната намера.