Барселона продаде акции за 100 милиони евра за да ги регистрира новите засилувања

Барселона ја продолжи трката со времето за да ги регистрира засилувањата бидејќи има финансиски проблеми и мора да заработи пари за да може да смета на новите фудбалери, а притоа и да продолжи со реализирање на уште неколку трансфери.

Раководството на клубот направи уште еден важен чекор и продаде 24 отсто од акциите на „Барса Студио“ за 100 милиони евра на компанијата „Орфеус Медија“.

Повеќекратниот европски првак во моментов има само 17 регистрирани фудаблери, а приоритет е да се регистрираат и останатиот дел од засилувања кои треба да му помогнат на тренерот Чави во битката за титулата.

Каталонскиот гигант до крајот на летниот преоден рок планира да ги купи и Маркос Алонсо од Челси, но и Бернардо Силва од Манчестер сити.