Барселона поставила невообичаена забрана за Меси и соиграчите пред паузата

Фудбалерите на Барселона од денеска се враќаат на тренинг по кратката зимска пауза, зашто викендов ги очекува настап во Ла Лига.

Барселона годината ја заврши на прво место во шпанскиот шампионат, а уште една година за паметење имаше Лионел Меси, кој доминираше во текот на последните 12 месеци.

Инаку, Меси за одморот со своето семејство замина во Росарио, каде што го прослави Божиќ и Нова Година. А, интересно е тоа што клубот имаше неверојатна забрана пред зимската пауза.

Барселона има забранила на фудбалерите да тренираат додека се на пауза и им порачале целосно да одморат од фудбал. Каталонците утре ќе имаат тренинг, а сигурно има фудбалери, кои го почитувале ова невообичаено правило.