Барселона по 909 дена се враќа на „Камп ноу“: Најевтините билети чинат 199 евра!

Актуелниот шпански шампион Барселона по пауза од 909 дена се враќа во својот дом „Камп Ноу“, кој сè уште не е целосно реконструиран, но во моментов може да прими 45.000 навивачи.

Ла Лига даде дозвола да се игра мечот меѓу Барселона и Атлетик Билбао на култниот стадион, а веќе во продажба се пуштени билетите и најевтиниот чини 199 денари, додека цената се движи и до 589 евра.

Барселона претходно доби и „зелено светло“ од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за да ги одигра последните два меча од Лигата на шампиони (ЛШ) на стадионот.