Барселона од најбизарна причина пропуштила да го купи Карим Бензема во 2008 година

Шпанскиот великан Барселона во 2008 година имал можност да му го земе пред нос Карим Бензема на Реал Мадрид, но од најбизарна можна причина Каталонците не го потпишале, па една година подоцна француската ѕвезда дојде во „кралскиот клуб“ и сега е петти најдобар стрелец во историјата на најголемиот клуб на Пиринеите.

Бензема во Мадрид дојде за 35 милиони евра и во 11 години постигна 243 гола и запиша 134 асистенции, а освои четири титули во ЛШ, четири светски клупски круни, два шампионски трофеи во Ла Лига, два купа, два шпански суперкупови и три европски суперкупови.

Но, приказната за контроверзниот Французин, кој со неколку скандали посебно во националната селекција го ставаа во фокусот (еден за изнуда на соиграчот Метју Валбуена) има свој почеток во 2008 година, кога Барселона жестоко загризала за него, откако тој во Лион блескал и Пеп Гвардиола, кој штотуку седна на клупата го ставил како прв пик за засилување.

Во тој период главен на спортскиот сектор бил Чики Бегиристајн, во тој момент технички секретар, кој патем ги водел и преговоирите. Бегиристајн бил во Лион за да преговара со Бензема и да го убеди да дојде во Барселона, а Каталонците не ни прашувале за цената за да ја олатат отштетата кон Лион.

И на состанокот директорот на Барса се разочарал од Бензема, па додека преговарале, францускиот ас ниту еднаш не го погледнал во очи кога зборувале, па ова било преголемата пречка за да се ангажира напаѓачот. Втор проблем било тоа што Бегиристајн не бил задоволен од опкружувањето на Бензема, па клубот тогаш пресекол да не се ангажира овој напаѓач со образложение дека „постои ризик дека Карим ќе биде проблематичен и дека нема а биде лесно неговото прилагодување на новата средина“.

Наместо Бензема, Барселона во 2010 година го купи Давид Вилја како напаѓач, а претходно тимот кој освои европска титула во 2009 година беше со Самуел Ето, Тјери Анри и Лионел Меси во нападот.