Барселона ќе му го прекине договорот на фудбалерот кој сите го заборавија!

Шпанскиот шампион Барселона го купи искусниот фудбалер Ориол Ромеу во 2023 година, меѓутоа не се прослави по враќањето во Каталонија и затоа беше испратен на позајмица во Жирона, по што сите навивачи на тимот од „Камп Ноу“ го заборавија.

Ромеу по позајмицата минатата сезона во редовите на Жирона повторно се врати во Барселона, каде што имаше неколку тренинзи, но наводно тренерот Ханси Флик е подготвен да му го прекине договорот.

Флик не сака да го задржи Ромеу во тимот затоа што не планира да му даде шанса следната сезона, па Барселона нема друг избор освен да му го прекине договорот.

Шпанецот има договор со Барселона до јуни 2026 година, а во моментов не сака никој да го купи или да го позајмица, па тимот на Флик ќе мора да дејствува во следниот период за да се ослободи од неговата плата.

Фото: Facebook/FC Barcelona